Вал Килмер зад себе остави големо богатство: Еве кој ќе ги добие милионите долари кои славниот актер ги заработил низ годините (фото)
Познатиот холивудски актер Вал Килмер почина на 1 април на 65-годишна возраст, како последица на пневмонија. Тажната вест ја потврди неговата ќерка Мерцедес Килмер, која ја имаше во брак со актерката Џоан Воли.
Вал Килмер беше една од најголемите ѕвезди на 90-тите – харизматичен, талентиран и обожаван ширум светот, па богатството дојде како природна прогресија. Неговата кариера процвета благодарение на хит филмовите како „Топ Ган“, во кои тој го портретираше легендарниот поручник Ајсмен, рамо до рамо со Том Круз. Тој филм го лансираше меѓу најплатените актери во неговото време.
Улогата на Бетмен во филмот „Бетмен засекогаш“ му донела дури седум милиони долари, а подеднакво профитабилни биле и неговите ангажмани во продукциите „Светецот“, „Островот на доктор Моро“ и „На прв поглед“ – за што заработил дури девет милиони долари.
Зад гламурот и славата стоела и тешка животна борба. На Вал пред повеќе од една деценија му беше дијагностициран рак на грлото. Третманот вклучуваше трахеотомија, која трајно му го оштети гласот, поради што се повлече од јавноста и филмската индустрија.
Мерцедес и Џек наследниците на Килмер
И покрај предизвиците, тој остана посветен на уметноста, семејството и децата. Мерцедес и Џек, кои исто така тргнаа по стапките на нивниот татко и се занимаваат со глума, беа неговата најголема поддршка за време на неговата болест.
Двајцата ќе го наследат богатството на актерот, кое, според Celebrity Net Worth, се проценува на помеѓу 10 и 25 милиони долари.
Покрај неговата импресивна филмска кариера, Килмер беше и успешен инвеститор. Тој поседувал уметнички дела, права на интелектуална сопственост, куќа во Лос Анџелес и ранч од 6.000 хектари во Ново Мексико, кој подоцна делумно го продал на нафтен магнат за 18,5 милиони долари.
По неговата смрт, Мерцедес и Џек објавија кратка, но трогателна изјава за магазинот People:
„Горди сме на него и почестени што неговото наследство се слави. Бараме приватност во овој момент“, известува Glossy.
Вал Килмер нè напушти, но неговиот лик и дело ќе живеат засекогаш во срцата на обожавателите ширум светот.