– Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го победи актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 30:25 (полувреме 15:12).
![](https://mia.mk/articles/images/%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D1%83%D1%80%D0%BE%D1%84%D0%B0%D1%80%D0%BC%D0%BF%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D1%80%D0%B1%D0%B8O1uqQ/JGc590hBf/small.webp?use_watermark=0)
Во текот на целото дерби, домаќините ја имаа контролата на резултатот и не им дозволија на битолчани да се понадеваат на позитивен исход.
Најдобри во победничкиот тим беа голманот Мартин Томовски со 14 одбрани, Милан Лазаревски и Марко Срдановиќ беа најефикасни кај „црвено-црните“ со по шест гола.
Урош Борзаш исто така со шест погодоци се истакна во поразената екипа.
Вардар по две кола има шест бода во Б-групата од Супер машката лига. За Еурофарм Пелистер ова беше прв натпревар и прв пораз.