Абортирла на 14 години, па раѓала мртви деца! Следувале уште 8 абортуси: Го изневерила сопругот 88 пати, а потоа доживеалаа вистински шок (фото)

Имено, во историјата на кралското семејство има многу поинтересни и посочни секс-скандали, додека титулата за најперверзна војвотка на сите времиња и понатаму и’ припаѓа на Маргарет Кембел, односно војвотката од Аргил.

Снимена е серија за нејзините скандали, како и бројни документарни филмови, а Клер Фој дури ја портретира на ТВ екраните во серијата „A Very British Scandal“.

Имено, Маргарет беше сензацијата на своето време – слободоумна жена која можеше да го има кого сака и кога сака. Иако не е родена како аристократ, благодарение на нејзиниот шарм се омажила за војвода, а потоа почнала да договара скандали за кои и денес со интерес се раскажуваат.

И покрај тоа што е родена во едно од најбогатите шкотски семејства во таа ера, таа не се двоумела, градејќи го својот живот на љубовни скандали. Како единствено дете на Џорџ Хај Вигам и Хелен Мен Ханај, таа порасна во луксузот што доаѓа со милионите што нејзиниот татко ги обезбеди како претседател на корпорацијата Fortune 500 Celanese.

Образованието го стекнала во Њујорк, каде поминала 14 години. Сепак, се чини дека токму Њујорк ја натера да има полиберален пристап кон работите кои во тоа време беа табу во нејзината земја.

Таа имаше само 15 години кога за првпат забремени, со тогаш 18-годишниот Дејвид Нивен, филмска ѕвезда.

Нејзиниот татко ја натерал на абортус, а набргу по сокривањето на бременоста, младата Маргарет станала свршеница на принцот Али Кан, угледен дипломат. Меѓутоа, и таа љубов не траела затоа што родителите ги разделиле поради различности во религијата.

Маргарет имаше уште две афери во текот на тие години со влијателни, посакувани млади луѓе, но на крајот лудо се вљуби во богатиот американски голфер Чарлс Свини. Во 1933 година, парот разменил свадбени завети на гламурозна венчавка во Лондон, која е прогласена за спектакл на годината – биле поканети 2.000 гости, а уште 3.000 луѓе го окупирале влезот на зградата во која се одржувала прославата – сè со цел да ги видат младенците.

„Периодот помеѓу 1930 и 1933 година беше полн со веселост и забава. Тоа беше рај. Ненарушен рај. Три забави по ред. Немааше ниту една сериозна мисла во мојата глава. Блаженство. Мислам дека никој никогаш не се забавувал толку добро како мене. Никој, никој, никој“, изјавила војвотката во една прилика.

Во брак со голферот останала до 1947 година, а Маргарет во текот на 14 години имала дури осум спонтани абортуси и родила едно мртво дете, додека конечно не успеала да стане мајка на три деца.

По разводот, таа влезе во нов брак во 1951 година. Тогаш таа го кажа своето судбоносно да на војводата од Аргил, богат благородник кој бил алкохоличар, коцкар и манипулатор. Своето богатство го потрошил на коцкање и жени, а кога таткото на Маргарет повеќе не сакал да им ги плаќа сметките, решил да се разведе од сопругата.

Сепак, морал да има добра причина за тоа, ( и ја нашол) и со тоа засекогаш го променил животот на војвотката.

,,Имав богатство, изгледав добро. Како млада постојано ме фотографираа, пишував, ми ласкаа, ми се восхитуваа, ме вклучуваа во листата на десет најдобро облечени жени во светот. Станав војвотка и љубовница на стар замок. Мојот живот очигледно до крај беше расфрлан со рози“, рекла Маргарет еднаш, а оваа изјава најдобро ги илустрира нејзините напори секогаш да слика идилична слика за нејзиниот живот – иако реалноста честопати беше прилично мрачна.

Имено, сè и се срушило кога во една прилика нејзиниот сопруг, војводата, упаднал во нејзината вила и ги замолил слугите да му ги откријат сите тајни прегради во кои неговата сопруга ги криела своите писма и скапоцености. Таму конечно ги нашол доказите што му биле потребни за разводот. Имено, тој решил неповратно да ја уништи сопругата бидејќи открил фотографија на која Маргарет позира во скутот на гол маж, додека и таа самата е гола.

Тоа беше силен доказ за прељуба што му овозможи на војводата да се разведе од неа и да добие дарежлива сума во случајот за развод.

Покрај тоа што војводата во судот ги дал имињата на тројцата главни осомничени љубовници, тој на судијата му презентирал и список од 88 мажи со кои се верува дека Маргарет го изневерувала. Судијата решил да му одобри на војводата развод и рекол дека верува оти „Маргарет е исклучително сексуална личност која престанала да се задоволува со нормални врски и почнала да се впушта во оргии и ексцеси, се со цел да ја задоволи својата страст“.

Таквото јавно искажано мислење за некого во тоа време стави крај на угледот на Маргарет и фрли бескрајна дамка на нејзиното име.

Дури во 2013 година беше откриено дека човекот на фотографијата е американскиот бизнисмен Бил, односно Вилијам Лајонс. Тој беше сопственик на автомобилската марка Јагуар, а подоцна се покажа дека е единствениот вистински љубовник на Маргарет. Останатите осомничени главно биле мажи со хомосексуална ориентација, што тогаш не смеела да го каже бидејќи било казниво со затвор.

Така, таа продолжи да живее со нарушен углед и нарушен имиџ, а почина во 1985 година, како една од најконтроверзните личности од кралскиот двор.