Страшно видео од уништената Андрејевка: Војниците под опсада кренале раце и почнале да се предаваат, но потоа одекна експлозија (видео)

Припадниците на вооружените сили на Украина објавија нова снимка од битките за Андреевка кај Бахмут!

Видеото што го објавија членовите на 3-та јуришна бригада на Телеграм, ги прикажува последните битки за стратешки важно село кое се наоѓа јужно од Бахмут, за кое со месеци се водат крвави битки. Се гледаат изгорени дрвја и дека од селото не останало ниту еден камен.

– Минофрлачкиот оган беше сè поблиску и поблиску. Ударните одреди, сепак, продолжија да го напаѓаат непријателот на средината на бојното поле, кое вриеше од Руси – се вели во соопштението.

На социјалните мрежи кружи и застрашувачко видео на кое се гледа голема експлозија која се случила во Андреевка додека група руски војници им се предале на украинските сили.

Засега не е јасно дали еден од опколените руски војници активирал експлозивна направа или, како што неофицијално тврдат украинските канали, долетала граната испукана од руските позиции.

Засега ниту една страна не даде официјална изјава во врска со видеото.

Украина во петокот објави дека ја освоила Андрејвка, стратешко место за понатамошно напредување на контраофанзивата, велејќи дека тоа е отскочна даска за опкружувањето на Бахмут.

Истиот ден, претседателот Володимир Зеленски го пофали успехот на Третата јуришна бригада.

Се огласи и Русија и изјави дека украинските тврдења дека Андрејевка е освоена не се точни. Руското Министерство за одбрана објави дека Украина неуспешно се обидела да ги истисне руските сили од градот.