ФОТО | ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ – Шокантни сцени од пред местото на злосторот во Белград: Учениците оставаат трогателни пораки, а една баба го ‘освои’ регионот со нејзините зборови: “Спијте ангели…“

Еден ден по страшното масовно убиство извршено од 13-годишниот ученик Коста К. во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, каде животот го загубија осум негови соученици и еден училишен чувар, има се повеќе цвеќиња, свеќи и пораки со сочувство за прерано изгубените животи среде училишната зграда.

Од рано наутро пред училиштето доаѓаат граѓани од цел Белград, некои поединечно а некои организирано, да им оддадат почит на жртвите на ова грозоморно злосторство што ги шокираше Белград, Србија, Балканот и Европа.

Трогателни се и пораките што некои граѓани ги оставаат пред училиштето, како една баба по име Гордана која напишала: „Спијте ангели! Темно е на планетата! Ќе ве разбудиме кога ќе го најдеме прекинувачот на светлосниот зрак!!! Тогаш ќе се радуваме заедно, а јас ќе го чувам часовникот!!!

Белград, Србија

Има оставено и бројни сувенири, плишани играчки, балетски чевли, а некој оставил и нацртана слика од обезбедувањето Драган Влаховиќ, кого го облекол во наметка со натпис „нашиот херој“, јавува новинарот на хрватскиот весник Jutarnji list, Никола Патковиќ, од Белград.

Погледнете ја фотогалеријата од пред местото на злосторството која ја објави хрватскиот весник: