Ирина Шајк се додворувала на тазе разведен фудбалер, а тој ја одбил: една од најубавите жени ОДБИЕНА, а еве зошто не ЈА САКА

Руската манекенка Ирина Шајк доби кош од големата ѕвезда на американскиот фудбал Том Брејди . Колку и да е тешко да се поверува, Шајк го насочи погледот кон Брејди, но Брејди не гледаше во неа.

Тие двајца беа гости на луксузната венчавка на милијардерот Џо Нахмад, кој случајно е трговец со уметнички дела и наследник на богато еврејско семејство и модел Медисон Хедрик. Свадбата се одржа на Сардинија, а меѓу многуте познати личности кои пристигнаа, на Ирина и се допадна Том.

Жизел Бундхен и Том Брејди

„Го пратеше цел викенд. Баш му се набацуваше“, откри близок извор за Page Six.

Да потсетиме, Брејди неодамна се разведе од манекенката Жизел Бундхен , а за медиумите потврди дека по 13 години брак, нема интерес да излегува со други жени по разводот.

Ирина моментално е исто така сингл, а неодамна се шпекулира дека се забавува со актерот Леонардо ди Каприо, но овие приказни, се чини, не држат вода. Со актерот Бредли Купер, Ирина ја има ќерката Леа Де Сеина, а двајцата раскинаа во 2019 година.