„Вардар 1961“ со гостински пораз од „Татран“ ја отвори сезоната во СЕХА лигата

Ракометарите на „Вардар 1961“ загубија вечерва на гостувањето во Прешов од словачки „Татран“ со 27-23 во воведниот натпревар од новата сезона во СЕХА лигата.

Македонскиот шампион добро го почна натпреварот и во два наврати имаше предност од три голови разлика (6-3, 7-4).

Кон средина на првиот дел, уследи пад во играта на „црвено – црните“ што домаќините го искористија и со серија од 5-0 го вратија водството и заминаа на полувреме со предност од 14-11.

Предноста на Татран Прешов достигна највисоки плус голови (22-17) на што Вардар врати со серија од 4-0, но словачкиот тим беше поумешен во завршницата и триумфираше во воведниот натпревар од групата Б.

Во второто коло Вардар, в среда во салата „Јане Сандански“ од 18 часот, го пречекува белградски Партизан