Вархеји за Македонија: Уставните измени се важни, загрижени сме за големиот број случаи на корупција

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска истакна дека Македонија треба да направи реформи во секторите кои се споменуваат како слаби во новиот извештај.

Тој вели дека европските лидери најмногу ги загрижува високиот степен на корупција, но е дециден дека нема да има напредок во евроинтеграциите без уставни измени.

„Нашата цел е да го отвориме првиот кластер со Албанија пред крајот на годината. За Северна Македонија, властите јавно кажуваат дека се подготвени за напредок кон европскиот пат и сега кога процесот за членство помина, реформскиот процес кон ЕУ треба да се забрза“.

„Големиот број на случаи на корупција е нешто загрижувачко. Со справување со корупцијата треба да се постигне добар резултат во истрагите и гонењето на високата корупција. Тоа е од клучно значење. Неопходни се уставни измени, сите партии мора да ја дадат својата поддршка. Тоа е одлука на Северна Македонија, но ќе ги зајакне основните права“, рече Оливер Вархеји денеска во Брисел.