Австралијка свирела флејта со вагината во францускиот „Суперталент“, малолетниците замолени да излезат

Австралијката Беатрис МекКиф го шокираше жирито и публиката на хрватскиот „Суперталент“ свирејќи на флејта користејќи ја нејзината вагина. Истото го направи и минатата година во француската верзија на ова натпреварување.

Водителката Карин Ле Маршанд ги замоли малолетниците од публиката да го напуштат студиото. Очекувано, многумина уште тогаш ја критикуваа Беатрис.

“Таа е докторка? Како може ова да се прикаже на телевизија? Оваа жена треба да оди во затвор”, “Некои скриени таленти треба да останат скриени”, “Ова е навистина одвратно”, се дел од коментарите на YouTube.

Како што е веќе познато, Беатрис обично работи како хируршки асистент, а гимнастика и циркуски вештини се занимава како хоби.

„Ми се допаѓа што можам да им помагам на луѓето и на крајот од денот да си одам дома знаејќи дека сум придонела за нечиј живот. Сите во моето семејство беа надарени за музика. Се започна со тоа што свирев на флејта во основно училиште. Мојата наставничка рече дека немаше надеж дека „Никогаш не играв добро. Потоа почнав да се занимавам со циркуски вештини како хоби. Открив дека можам да правам некои работи со моето тело што другите луѓе не можат. Мојот настап може да биде опасен ако паднам, “ изјави таа неодамна во хрватската „Суперстар“.