Вештачка интелигенција како дегустатор: Може да ги препознае разликите помеѓу нотите на американското и шкотското виски

Истражувачите користеле вештачка интелигенција за да ја препознаат разликата помеѓу аромата на вискито и да утврдат дали пијалокот е произведен во Соединетите Американски Држави или во Шкотска.

Тој технолошки напредок овозможува прецизно да се направи разлика помеѓу американското и шкотското виски врз основа на нивниот хемиски состав, пишува Гардијан.

Користејќи хемиски податоци од 16 вискии , вклучително и брендови како Jack Daniel’s и Laphroaig, алгоритмите за вештачка интелигенција ги разликуваа пијалоците со повеќе од 90 проценти точност.

Користејќи ја оваа технологија, идентификувани се специфични хемикалии, како што е ментолот, кој помага да се идентификуваат американските виски, додека метил деканатот е клучен за скоч.