ВИДЕОТО ПРЕГЛЕДАНО 37 МИЛИОНИ ПАТИ: Се обидела да се качи на јахта во Сплит и исчезна!

Неименуваната жена избегнала сериозна повреда само од чиста среќа кога го пропуштила бродот додека влегувала во јахтата и за малку ќе завршила во морето меѓу неа и пристаништето.

На Тик-Ток се појави видео од жена чиј летен одмор во Сплит за малку ќе останел како непријатен спомен, а досега е прегледано 37 милиони пати.

Имено, додека се обидувала да влезе во луксузна јахта на западниот брег на Сплит, жената го пропуштила чамецот и само благодарение на присебноста на членовите на екипажот не паднала во морето.

Како што може да се види на виралното видео, во последен момент успеале да ја зграпчат за раце, спасувајќи ја од повреда и непланирано капење.