Видеото што го освои TikTok: Како звучи кога Турците читаат зборови на англиски

Видеото на кое се гледа како граѓани на Турција се обидуваат да зборуваат англиски го зафати ТикТок, а снимките од урнебесните обиди се прегледани повеќе од 4 милиони пати.

На профилот „erraflow“ на TikTok се споделени низа видеа на кои се гледа како граѓаните на Турција се запрени на улица и се бара да прочитаат одредени фрази на англиски јазик.

Меѓу споменатите видеа се издвои она на кое од минувачите се бара да ја прочитаат фразата „Дами и господа“.

На крајот резултатот беше урнебесен, а видеото наречено „Турци и Англичани“ насмеа многумина и предизвика бројни коментари, а беше прегледано повеќе од 4 милиони пати.

Другите продолженија на истата задача не беа толку популарни на интернет, но резултатите и обидите да се каже споменатата фраза беа исто толку смешни.