ВИДЕО | КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ГО ПОСТИГНА СВОЈО 850. ГОЛ ВО КАРИЕРАТА – Никој во историјата на фудбалот го нема ова претходно направено!
Кристијано Роналдо продолжува да собира голови во Саудиска Арабија. Во убедливиот триумф на Ал Наср против Ал-Хазм (5:1), Португалецот го постигна својот официјален 850. гол во кариерата во 68. минута и е чекор поблиску до тоа да стане првиот фудбалер во историјата кој постигнал 900 голови во кариерата.
Кристијано Роналдо постигна 450 гола за Реал Мадрид, 145 за Манчестер Јунајтед, 123 за португалската репрезентација, 101 за Јувентус, 23 откако е во Ал Наср и пет за Спортинг.
Кристијано Роналдо е и најдобриот стрелец во историјата на фудбалот, а најблиску до неговиот рекорд е Лионел Меси со 818 голови. Јозеф Бицан постигна 805, легендарниот Пеле повеќе од илјада, но му беа доделени „само“ 765 од колку пати беше стрелец на официјалните натпревари, додека Ромарио 753 пати ја затресе противничката мрежа.