Летечкиот Макс Верстапен ‘симна’ уште еден рекорд! Возачот на Ред Бул победи во Монца

Холандскиот возач во болидот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја забележа денеска рекордната 10. победа во серија во Формула 1, триумфирајќи на патеката во Монца за Големата награда на Италија.

За Макс Верстапен ова е 12 победа оваа сезона и вкупно 47 во кариерата, со која ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Триумфот на Макс Верстапен, воедно, ја издвои Ред Бул како прва екипа во историјата со 15 победи во низа во Ф1.

Второто место во Монца го освои клупскиот колега на Верстапен, Серхио Перез, а на подиумот се искачи и возачот на Ферари, Карлос Саинц, кој ја почна трката од пол-позицијата.

Следната трка се вози на 17.септември за Големата награда на Сингапур.