Дејвид и Викторија Бекам купуваат вила во Црна Гора! Брачниот пар подготвен да плати 12 милиони евра за недвижен имот (ФОТО)

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија Бекам изразија голем интерес за луксузна вила во Црна Гора.

Како што пренесуваат медиумите, семејството Бекам пред извесно време испратиле официјално барање до агентите да изготват официјална понуда за вила кај Тиват која се продава.

Луксузната вила се наоѓа во градот Доња Ластва, од каде има неверојатен поглед на морето. Вилата се наоѓа на парцела од 4.200 метри квадратни.

Вилата е изградена на 4 основни нивоа кои меѓусебно се поврзани со лифт. Во дворот, покрај базенот, има и градина украсена со разни растенија, но најинтересно е што во средината на дворот има маслинка стара помеѓу 800 и 1000 години.

Според изворот, цената на вилата се проценува на 12.000.000 евра.

– Неодамна семејството Бекам, поточно некој што ги застапува во нивно име, испрати официјално барање за вилата. Тие побараа да се состави официјална понуда и цена за овој неверојатен имот.

Тие се маѓепсани од овој дел од нашето крајбрежје – рекол извор од Тиват.

Инаку, покрај дневната соба од каде што има убав поглед на градот и морето, има и кујна и дури 7 соби. Вилата содржи и просторија за забава, џакузи, теретана….

Да потсетиме, пред неколку години, поточно во 2018 година, семејството Бекам одмараа во Црна Гора. Потоа останаа во одморалиштето на Свети Стефан, каде што еднаш имаше свадба тенисерот Новак Ѓоковиќ.