Данил Медведев победи во осминафиналето на УС Опен и упати интересна порака: “Не знам дали жена му ќе може да спие, цела ноќ ќе вика в кревет: вамос, вамос!“

Данил Медведев го победи аргентинскиот тенисер Себастијан Баез со 6:2, 6:2 и 7:6(6) во осминафиналето на УС Опен во натпревар под затворен покрив.

Средбата траеше два и пол часа, а најдобриот руски тенисер подготви интересна изјава по осминафиналето на Грен Слем турнирот во Њујорк.

Благодарам на сите што не викаа во публиката. Меѓутоа, во публиката има еден тип, не знам дали има жена. Не знам како спие бидејќи тој беше толку возбуден што цела ноќ викаше: Вамос, вамос, вамос… Жал ми е за него“, изјави Данил Медведев.

Во следното коло на УС Опен противник на рускиот тенисер ќе биде Алекс Де Минаур од Австралија.