Во АКВАТОРИУМОТ кај Вис, поточно кај Комижа, со дрон се снимени десетина китови.
Видеото на YouTube го објави Стефан Торес. “Искуство во тек на риболов… Го снимивме кристално чистото море и вдлабнатиот брег со дрон. Сведочете ја величественоста на овие нежни џинови додека гледате јато китови во нивното природно живеалиште. Придружете ни се во оваа незаборавна авантура и останете маѓепсани од чудата на природата“, вели тој во описот на видеото.
Патем, во 2021 година, неколку авантуристи од Задар снимија кит во Каринското Море и дури подоцна сфатија колку им е блиску. Една година претходно, научниците од Институтот Син Свет потврдија дека во каналот Велебит биле забележани два кита .