ВИДЕО | ОБЈАВЕНА СНИМКА ОД “НАЈСКАПИОТ СТАН“ НА БАЛКАНОТ – Чини повеќе од милион евра, а најголем хит на Интернет е четката за тоалет

0

Населбата Белград на Вода (Belgrade Waterfront) е една од најскапите локации за живеење во Србија и интересно е да се види како всушност изгледа внатрешноста на овие станови во релативно новите згради. Се на се, се издвојува еден недвижен имот вреден повеќе од еден милион евра, пишува порталот Zaphetna.rs.

На социјалната мрежа Х (Твитер) кружи видео од овој луксузен стан, кое покажува неверојатно скапи детали, а снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

Имено, по завршувањето на изградбата, станот бил целосно уреден така што секој детал е со највисок можен квалитет. Бањата е цела во мермер, има скапи санитарни производи, но најинтересниот детал е четката за тоалетната школка – нејзината цена е вртоглави 700 евра!

Во станот наводно е сменет секој кабел и осигурувач, а поставен е и најмодерниот систем за паметни домови.

Радијаторите се посебна приказна – тие делуваат како ѕидна декорација и чинат 3.000 евра по парче.

Станот е обложен со најквалитетен италијански паркет од орев чија цена е 260 евра за квадрат.

Има и ефикасна кујна од црн мермер, како и подно греење во сите простории, дури и на терасите, од каде се гледа погледот на реката Сава. Зградата во која се наоѓа станот има базен и теретана.