Никола повторно доминираше, но… Јокиќ не можеше сам – Денвер го забележа првиот пораз сезонава! (ВИДЕО)

Уште една одлична партија на српскиот кошаркар Никола Јокиќ не беше доволна за Денвер да го избегне првиот пораз во новата сезона во НБА.

По четири последователни победи на стартот од сезоната, Нагетс доживеа неуспех на гостувањето кај Минесота (110:89).

Маестралниот Никола Јокиќ, кој беше прогласен за најдобар играч на првата недела од сезоната во НБА во Западната конференција, продолжи со одличните партии. Натпреварот заврши со дабл-дабл учинок – 25 поени, 10 скока и три асистенции.

Сепак, овојпат немаше соодветна поддршка од соиграчите, па неговиот одличен настап не беше доволен за Денвер да избегне пораз.

Од првата до последната минута од натпреварот домашните ги контролираа случувањата на теренот и на крајот сосема заслужено забележаа триумф. Почнаа бурно, во вториот дел стигнаа и до двоцифрена предност која речиси рутински ја задржаа до самиот крај на мечот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Едвардс со 24 поени, а по него следеше Карл Ентони Таунс со 21 постигнат поен.

Јокиќ беше најефективниот играч на натпреварот, но остатокот од тимот потполно потфрли.

Покрај Никола, двоцифрен учинок имаше само Џамал ​​Мареј, кој мечот го заврши со 14 поени со катастрофален процент на шут – 5/16 од игра.

По ова непријатно гостување, Денвер го очекува серија натпревари на својот паркет. Во следниот натпревар ќе му гостуваат големиот шампион Далас, а потоа следуваат дуелите со Чикаго и Њу Орлеанс.