(ВИДЕО) ОВА ИЗГЛЕДА БОЛНО: Позната манекенка паднала на модна ревија, бесно ги соблекла штиклите и продолжила боса

0

Супермоделот Кристен Мекменами падна за време на ревијата на високата мода на Валентино на овогодинешната модна недела во Париз.

Манекенката, која беше незаменливо присуство на меѓународните модни писти во 80-тите години, се мачеше додека шеташе по дизајнерските потпетици на споменатата модна куќа.

Откако се бореше да направи неколку чекори, Мекменами изгуби рамнотежа и падна на колена. Гостите од публиката веднаш скокнаа да и помогнат. Меѓутоа, пред да стигнат до неа, МекМенами, видно исфрустрирана од ситуацијата, ги шутна нејзините потпетици и стана. Со по еден чевел во раката го заврши шоуто, но боса.

Видеата од тој момент станаа вирални и собраа милиони прегледи на различни платформи.

Бројни интернет корисници го поддржаа топ моделот.

„Не знам зошто луѓето велат дека зависи од неа кога чевлите и се очигледно неудобни и тешко оди дури и кога ги соблече“, „Ова видео ме тера никогаш да не сакам да купам чевли на Валентино“, „Ова е болно за гледање“, беа реакциите на Твитер.

Мекменами подоцна се пошегува за целата ситуација.

„Пред падот“, напиша таа покрај фотографијата на која се подготвува за модната ревија.