ВИДЕО | Овој суптилен знак открива дека бебето има проблеми со дишењето: На овој начин телото се обидува да внесе повеќе кислород
Плачењето, немирот и температурата јасно укажуваат дека на детето не му е добро. Но, ако забележите дека бебето суптилно кима со главата при секој здив, тоа е знак дека треба што поскоро да го однесете на лекар.
Здравствените експерти кои стојат зад страницата за прва помош на Инстаграм „Tina Hearts Education“ споделија видео на кое се гледа како изгледа.
- Ако вашето бебе го прави ова, однесете ја на лекар. Кимнувањето е знак дека има проблеми со дишењето – предупредија и појаснија дека всушност тоа е движење со кое телото се обидува да внесе повеќе кислород .
Детето прикажано на видеото е хоспитализирано откако неговите родители го забележале проблемот. Лекарите констатирале дека има пневмоторакс и го задржале на одделението за интензивна нега.
Родителите ги споделија своите искуства со симптомите на респираторен дистрес во делот за коментари. Некои го забележале овој симптом кај бебиња инфицирани со респираторен синцицијален вирус (RSV) .