МАЛА НЕСРЕЌА: Џенифер Лопез остана без огромен прамен коса на настап, а ова е нејзината реакција! (ВИДЕО)

Џенифер Лопез неодамна имаше незгода на настап во живо кога ненамерно ја скина својата екстензија на коса среде настап.
Имено, поп-ѕвездата настапи со своите машки и женски танчери во шоуто „Saturday Night Live“ каде ја отпеа својата нова песна „Can’t Get Enough“.

Сепак, на сред настап едно од продолженијата попушти и Лопез го извлече. Но, тоа не ја спречи да продолжи со својот настап, па продолжи да пее и танцува со исто темпо.

Еден корисник на социјалните мрежи ја сподели оваа ситуација, но Лопез доби само комплименти за нејзината постапка. Меѓутоа, имало и такви кои ги насмеала несреќата.
„Перформансот мора да продолжи“, „Каква дива“, „Ја сакам! Каков ѕвер на сцената“, „Апсолутно професионално“, „Изведбата беше толку добра што не ја ни забележав несреќата“, „На Кралицата“, „Таа добро се справи со ова“, „Изгледа неверојатно“, беа само дел од коментарите.

Потсетуваме, Џенифер Лопез неодамна ја објави песната „Can’t Get Enough“, која ќе се најде на новиот албум, а поради младешкиот изглед во спотот многу фанови ја нарекоа вампирка.