УЖАС ВО СЛОВЕНИЈА: Маж избодел жена во полн автобус

Жена денеска е избодена со нож во градски автобус во Љубљана, а напаѓачот е маж што го познава, соопшти полициската управа на главниот град на Словенија .

Жената е префрлена во Клиничкиот центар во Љубљана, а напаѓачот е уапсен.

Порталот Сиол објави дека животот на жртвата не е во опасност, а напаѓачот бил задржан од други патници.

Директорот на љубљанското јавно сообраќајно претпријатие ЛПП, Петер Хорват за порталот изјави дека на снимките од безбедносните камери се гледа како маж и жена влегуваат во автобусот на иста постојка, а потоа се движат кон делот „хармоника“ од автобусот што се наведнува.

“Таму млад човек избоде млада жена. На видеото изгледа како да го испуштил ножот. За среќа, друг патник веднаш го подигнал”, го опишал инцидентот Хорват.

Тој додаде дека напаѓачот се обидел да излезе од автобусот, но друг патник го запрел, пренесува СТА.

„Некој очигледно веќе повикал полиција и го известил возачот бидејќи полицијата пристигнала само неколку минути подоцна и го уапсила сторителот“, изјави Хорват.