ВИДЕО | Првите снимки од авионот во кој загина патник за време на турбуленциите: Храна расфрлана на подот, 20 повредени

Инцидентот се случил синоќа по полетувањето од Лондон, кога во еден момент започнале турбуленции додека ги надлетувале областите со тропска бура.

На социјалните мрежи се појавија првите фотографии од авионот на летот Лондон-Сингапур во кој загина еден патник за време на турбуленциите .

Според медиумите, најмалку 20 лица се повредени при турбуленциите во Боингот 777 на Сингапур ерлајнс.

Инцидентот се случил синоќа по полетувањето од Лондон, кога во еден момент почнале турбуленции додека летале над областите каде беснеат тропски бури.

Авионот потоа итно бил пренасочен кон меѓународниот аеродром во Бангкок, каде што слетал денеска околу 16 часот по локално време.

Како што може да се види на фотографиите на социјалните мрежи, по инцидентот на подот на авионот била расфрлана храна.

Се гледа и дека на терен се голем број возила на брза помош кои им помагаат на повредените.