ВИДЕО | ПРЕМИЕРКАТА НА ИТАЛИЈА ИЗМАМЕНА НА СЛИЧЕН НАЧИН КАКО И ЗОРАН ЗАЕВ – Џорџија Мелони ја призна ‘вистината’ за Украина, а по 13 минути дозна со кого зборува: “Тие се измамници…“

Премиерката на Италија, Џорџија Мелони, паднала на лажен телефонски повик од познати руски измамници, чија цел еднаш беше поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, но и поранешниот претседател на Владата на Македонија, Зоран Заев, потврдија во средата од нејзината канцеларија во Рим.

Џорџија Мелони била измамена од повикувач кој се претставил како претседател на Источноафриканските комори, Азали Асумани, актуелен претседавач на Африканската унија.

Всушност, тоа биле руските измамници познати како Вован и Лексус.

Повикот се случил на 18. септември, во пресрет на Генералното собрание на ОН, соопштија од канцеларијата на Џорџија Мелони. Италијанската Влада не ја коментираше содржината на повикот.

Сепак, извадоци беа објавени во Русија, меѓу другото и од медиумската агенција РИА Новости.

Двајца Руси, вистински имиња Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров, веќе неколку пати на овој начин ги измамиле светските лидери и познати личности.

Според извадоците, Џорџија Мелони вели дека руската војна против Украина, која започна во февруари 2022 година, е „голем притисок“ за сите страни.

Се приближува моментот кога сите ќе разберат дека ни треба излез“, кажала таа во разговорот и додала дека има „некои идеи“ за тоа, но и дека сака да го чека вистинскиот момент.

Според руските извештаи, тие разговарале и за миграцијата, а Џорџија Мелони кажала:

Европа долго време мислеше дека може да го реши проблемот обвинувајќи ја Италија. Проблемот е што другите го немаат“.

Руските измамници, кои се сметаат за блиски до Владата на Владимир Путин, ги измамиле и поранешниот британски министер за одбрана Бен Валас и поранешната градоначалничка на БерлинФранциска Гифи.

Во разговорот со Ангела Меркел, еден од нив се претставил како поранешниот украински претседател Петро Порошенко. Во Русија често се пофалени од про-Кремљ медиумите и коментатори за нивните измами.