ВЛАДИМИР ПУТИН ОБЈАВИ СЕ! Претседателот на Русија ги објави деталите: “На Вагнер му дадовме милијарда евра!“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес изјави дека Русија целосно ја финансирала приватната воена група Вагнер на Евгениј Пригожин, која организираше вооружен бунт во саботата.
„Сакам да истакнам и сакам сите да знаат дека: целиот Вагнер беше целосно финансиран од државата. Од Министерството за одбрана, од државниот буџет, целосно ја финансиравме оваа група“, нагласи Владимир Путин на средбата со претставници на Министерството за одбрана на Русија.
Претседателот на Русија наведе дека од мај 2022 до мај 2023 година руските власти на Вагнер му платиле 86,262 милијарди рубљи, што е околу една милијарда евра.
Владимир Путин претходно им се обрати на припадниците на руската Армија, Националната гарда, безбедносните сили и на сите останати пред Кремљ за да им се заблагодари што помогнаа да се одржи редот во земјата за време на вооружениот бунт на групата Вагнер.
Ја прекинавте граѓанската војна, постапивте прецизно и координирано“, вели Владимир Путин.
Владимир Путин изјави дека – „народот и војската не биле со бунтовниците“.
„Денес, овде, на историскиот катедрален плоштад на московскиот Кремљ, припадниците на вооружените сили на Русија, руската гарда, Федералната служба за безбедност, Министерството за внатрешни работи, војниците и офицерите се вистинските бранители на татковината, кои во тежок час за земјата, заедно застанаа на патот на неволја за своите другари, чиј резултат неминовно би бил хаос“, оцени претседателот на Русија.
Владимир Путин изјави дека за време на бунтот Вагнер, Русија не морала да ги повлече единиците од зоната на „специјални воени операции“, како што Москва ја нарекува војната во Украина.