ВМРО-ДПМНЕ: 13 дена операционите сали не работат

13-ти ден не работат операционите сали на Хирургија, СДСМ и ДУИ, оставајќи го здравството во хаос, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Десетици и стотици пациенти се испратени во другите болници во Скопје бидејќи Хирургијата на Клиниката не работи, а од 2 дена не работат ниту КТ и рендген апаратите. Како да не беше доволен хаосот со операционите сали.

И додека Клиниката пропаѓа, најмалку петмина од раководителите и административците на Хирургијата, меѓу кои и Адмир Дајоски, економскиот директор, заминаа на излет среде хаосот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму прашуваат, знаете ли СДСМ и ДУИ прават штета на здравствениот систем?.