ВО АВГУСТ НЕ ОЧЕКУВААТ ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА ВРЕМЕТО! Метеорологот ја објави деталната прогноза: Дали ќе има ли ГРАД И ГРМЕЖИ?

Африканскиот антициклон се врати во Сахара и повторно ќе се дружиме со него кон средината на август, ја започнува својата објава на својот Фејсбук профил метеорологот Иван Ристиќ во новата временска прогноза за месец август.

Најголемо влијание на временските услови во наредниот период ќе има Азорскиот антициклон, односно полето со висок притисок над Атлантскиот Океан, со центар над Азорските острови, кои се наоѓаат западно од Шпанија и Португалија.

  • Бранови свеж и влажен атлантски воздух ќе се движат по периметарот на овој антициклон низ Западна и Централна Европа поисточно, предизвикувајќи привремена облачност, освежување, дожд, врнежи, но и локални непогоди придружени со грмежи и град – изјави метеорологот Ристиќ.

Во наредните денови кратка стабилизација на времето, се ввраќа летото, се повеќе сонце со постепен пораст на температурите.

Најсвежото утро ќе биде денес, петок, 28 јули, со најниска температура од 10°C до 15°C, додека максималната ќе биде меѓу 28 и 30°C. За претстојниот викенд ќе биде претежно сончево и топло со највисока дневна температура од 29°C до 34°C, според прогнозата.

Во недела кон крајот на денот на северот и западот од земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, грмежи и засилен северозападен ветер.

Во текот на наредната недела ќе има промена на сонце и облачност која ќе донесе врнежи од дожд, на места грмежи и невреме проследено со град, пообилни врнежи од дожд но и пониски температури во втората половина од наредната недела кога највисоката дневна температурата ќе биде од 24°C до 29°C – заклучува метеорологот Ристиќ во објава на својот Фејсбук профил.