Во сабота во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим

Во Скопје се известуваат граѓаните дека на 12.10.2024 година, сабота, во периодот од 06:00 до 18:00 часот поради снимање филм на мостот Беласица, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. .

Имено, сообраќајот на улицата „Беласица“ (мост Беласица) ќе биде периодично затворен од крстосницата со улицата „Гуро Ѓоновиќ“ до крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и ќе се пренасочува по околните улици.

СПБ Скопје апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници.