– Шест лица загинаа откако силно торнадо ја зафати американската сојузна држава Тенеси.
Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во округот Монтгомери во северниот дел на Нешвил.
Тројца други го изгубија животот во силното невреме северно од центарот на градот, објави „Тенесијан“ со седиште во Вашингтон.
Градовите Хендерсонвил, Галатин, Кларксвил, Спрингфилд, Камберленд Фурнас и Медисон се области погодени од непотврден број на спуштања на торнадо.
Хендерсонвил беше директно погоден од торнадото, а степенот на штетата сѐ уште се проценува.
Полицијата во Галатин потврди дека е предизвикана штета на повеќе домови, а Националната метеоролошка служба моментално работи на струјата од генератори за итни случаи.
Градоначалникот на Нешвил, Фреди О’Конел, издаде предупредување до жителите да бидат исклучително внимателни, особено во подрачјата директно погодени од торнадото, бидејќи можно е да има паднати далноводи.
Оперативниот центар за вонредни состојби во Нешвил ја проценува вкупната штета.