Лавров: ,Русија е посилна од пред војната” – Така се обидоа Хитлер и Наполеон и беа поразени

,,Русија е многу посилна отколку што беше пред избувнувањето на конфликтот во Украина, кој беше поттикнат од САД”, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. 

– Веќе се видливи резултатите од војната со Русија, која САД ја започнаа преку Украина. Го спомнавте проширувањето на НАТО, но клучниот резултат за нас и за другите е што Русија стана многу посилна отколку пред сите овие настани – рече Лавров обраќајќи им се на присутните на форумот во Доха преку Интернет.

Тој додаде дека така ќе биде додека не завршат борбените операции, пренесува Тасс.

Лавров потсети дека на почетокот на 19 век, Наполеон ја мобилизирал речиси цела Европа да ја нападне Русија, но таа го поразила и „по таа агресија станала посилна“.

Тој рече дека Хитлер го направил истото во средината на 20 век, кога ги мобилизирал повеќето европски земји да започнат агресија против Русија.

– И тој беше поразен и по таа војна станавме посилни – нагласи Лавров.