ВИДЕО | ММА борец од Босна и Херцеговина претепан во дискотека: Вознемирувачка снимка од пресметката се шири на социјалните мрежи – летаат тупаници од сите страни

ММА борецот Бенјамин Муратовиќ тврди дека обезбедувањето го претепало во локалната дискотека во Сребреник, Босна и Херцеговина.

Бенјамин Муратовиќ тврди дека минатиот викенд бил нападнат од неколку членови на обезбедувањето на дискотеката и дека провокациите наводно почнале кога дознале дека тој е ММА борец.

Ме чекаа на излезот од објектот и почнаа да ме удираат одзади. Им пречеше моето име и мојот изглед во објектот. Тренирам цел живот и ќе се борам со кој било 1 на 1. Дури и 2 на 1 не е проблем! Ама 5 на 1 и тоа одзади… Кукавички. Сите беа во алкохолизирана состојба“, вели Бенјамин Муратовиќ за локалните медиуми.

Бенјамин Муратовиќ се здобил со тешки физички повреди, повреден му е рбетот, а се здобил со скршеница на носот. 

На социјалните мрежи се појави видео од тепачката, но не е јасно кога точно започнала и што и претходело, а видеото можете да го погледнете ОВДЕ.