ВО ЦЕНТАР – “ОВА СЕ МНОГУ ОПАСНИ ИГРИ!“ – Југослав Петрушиќ открива кој стои позади Милан Радоичиќ и тврди дека Србите (не)можат да го дестабилизираат Косово | ВИДЕО

0

Познатиот српско-француски агент, контраразузнавач, поранешен припадник на француската воена разузнавачка служба ДРМ, француската легија на странци, еден од главните организатори на контраразузнавачките операции за време на војните во поранешна Југославија, како и учесник во операцијата во Сребреница, Југослав Петрушиќ, беше гостин на новинариот Васко Ефтов во новата емисија „ВО ЦЕНТАР“.

Југослав Петрушиќ зборуваше за актуелните случувања во регионот, а посебен акцент стави на неодамнешните настани од северот на Косово, односно селото Бањска.

За потсетување, за настаните од 24. септември, Милан Радоичиќ, потпретседател на политичка организација во Косово, ја превзеде целата одговорност, односно на прес-конференција објави дека тој и негови „пријатели“ од северот на Косово започнале акција против „теророт“ од страна на премиерот Албин Курти. За време на немирите, тројца српски напаѓачи беа убиени, како и еден припадник на косовската полиција.

Милан Радоичиќ

КОЈ СТОИ ПОЗАДИ МИЛАН РАДОИЧИЌ ?

Југослав Петрушиќ на прашањето од новинарот Васко Ефтов за тоа кои стои позади нападот на Косово односно кој му дава наредба за напад на Милан Радоичиќ, вели дека никој не може да го знае одговорот на тоа прашање.

Не можеш да го знаеш тоа. Тоа не може никој да го знае, јас тоа се обидувам да го кажам. На овие простори има многу нерасчистени убиства, а за истите никој не го знае одговорот. Не можеш да знаеш кои стои позади него, тоа се големи игри“, тврди Југослав Петрушиќ.

Тој додава дека нема логика 20 или 30 луѓе во униформи да го дестабилизираат Косово.

Тие може да отидат и до Приштина ако сакаат, наоружани, но тие сами ќе се предадат со рацете во вис. До каде може тие да стигнат, што може да направат ? Освен што може да убијат десетина луѓе не можат ништо повеќе да направат, тоа е максимум“, вели Југослав Петрушиќ.

@vocentar

ВО ЦЕНТАР – С23Е05: Југослав Петрушиќ тврди дека Србите повеќе не можат да направат ништо на Косово – целата емисија погледнете ја на YouTube каналот Vasko Eftov #fyp #fy #foryoupage #VoCentar #VaskoEftov #JugoslavPetrusic #MK #MKD #Macedonia #tiktokmacedonia #Serbia #Srbija #Belgrade #Belgrad #Kosovo #Kosova #Vucic #Kurti #Balkan #viral

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov

Југослав Петрушиќ исто така тврди дека овде не станува збор за борбена акција.

Овде не станува збор за акција. Тоа се едни исти луѓе кои обработуваат туѓи интереси и прават вакви операции. Ова не помага на никого, а ниту загрозува некого. Кој може тие да загорзат на Косово, еве кажете ми“, заклучува Југослав Петрушиќ.

Целата емисија со Југослав Петрушиќ можете да ја погледнете на Јутјуб каналот Васко Ефтов (Vasko Eftov).