„Што би бил ако не си фудбалер?“: Питер Крауч пред 15 години го насмеа светот со својот генијален одговор

Славниот англиски фудбалски репрезентативец Питер Крауч привлече големо внимание со своите последни објави на социјалните мрежи во кои го најави своето „големо враќање“.

Освен по одличната игра, овој фудбалер кој во 2019 година ја заврши кариерата во дресот на Барнли ќе остане запаметен и по легендарниот одговор на прашањето на еден новинар – „Што би бил доколку не си фудбалер?“.

„Девица“, ладно одговорил Крауч и со тоа насмеа милиони.

Пред 4 години тој гостувал во популарното британско ток-шоу „The Graham Norton Show“, а водителот Џек Вајтхол го потсетил на таа ситуација.

„Да, би бил девица. Искрено, беше страшно долг ден и тоа беше првиот одговор кој ми падна напамет. Ете, 10 или колку години подoцна тоа ме следи и луѓето сè уште зборуваат за тоа“, објаснил Крауч.

Питер Крауч денес e сопруг на манекенката Аби Кленси со којa е во брак веќе 8 години. Во споменатата емисија тој се присетил и на една анегдота со принцот Хари.

„Играв некој хуманитарен натпревар по кој во соблекувалната дојде принцот Хари и се поздрави со сите. Дојде до мене и ме праша како успеав да ја заведам Аби. Тоа беше пред да се ожени со Меган Маркл, па сега јас нему можам да му го поставам истото прашање“, се пошегувал Крауч.