Вработените во Ферари ќе добијат рекорден бонус

Во Ферари решија да ги наградат своите вработени со бонус за исклучително успешната деловна година.

Имено, во текот на 2022 година, Ферари испорача 13.221 автомобил, што е зголемување за дури 18,5 отсто во однос на годината пред тоа.

Како што потврди првиот човек на компанијата Бенедето Виња, на работниците ќе им биде исплатен бонус од 13.500 евра. И на секој од околу 5.000 лица, колку што се вработени во погоните на Ферари. Во однос на претходната година, ова е зголемување од 12,5 отсто.

Добро е што следната година вработените во Ферари би можеле да добијат уште поголем бонус. Имено, оваа година на пазарот доаѓа кросоверот Purosangue, кој веќе има двегодишна листа на нарачки. Ако се земе предвид како профитот се максимизира на ваквите модели, веќе можат задоволно да си ги тријат рацете во Ферари.

Се чини дека втората најдобра работа за поседување автомобил Ферари е вработувањето во Ферари.

Да потсетиме, на почетокот на годинава и од Мерцедес најавија дека ќе доделат рекордни бонуси на работниците. Сите 100.000 работници во Германија ќе добијат бонус од 7.300 евра.