ГИРО СО СОК ИЛИ ПИВО САМО 5 ЕВРА: Ова се цените на храната во омиленото одморалиште на Македонците во Грција (Фото)

Подготовките за летниот одмор се на добар пат, резервации за сместување, превоз, а се почесто туристите прашуваат и за цени.

Во популарните групи на социјалните мрежи посветени на одморите во Грција, почнаа да се објавуваат и фотографии од моменталните цени на храната. Така, во една од последните објави на Фејсбук групата „Грчка инфо“ беа објавени фотографии со цените на дел од храната во Паралија.

Како што може да се види на фотографиите, килограм портокали чини едно евро, додека литар млеко чини 0,99.

Гиро со салата цацики чини од 3,5 евра (мало), средно (нормално) 4 евра, а големо (xxl) чини 5 евра. Ако сакате дополнителен помфрит, ќе ве чини 2 евра, а сокот ќе ве чини 2 евра. Во друг ресторан големо гиро со свинско или пилешко чини 3,50 евра. Додека во некои има понуда во која гиро со сок или пиво чини 5 евра.

Како што наведуваат членовите на грчка инфо група, кога е храната во прашање, цените не се драстично променети. „Минатата година кајсии, смокви, сливи, домати, сите за едно евро“, „Цените се исти како лани, се надевам дека ќе бидат и во јуни“, „Поскапе само маслиново масло“, се некои на коментарите.

Паралија гиро, Паралија, гиро

Цени во Пефкохори

Како што пишувавме претходно, турист ги објави цените од ресторан во Пефкохори. Пишува дека гирото чини 4,5 евра, додека порцијата е 10 евра, сувлакито од свинско и пилешко е 4,5 евра, односно порција е 10 евра. Полнетите ќофтиња чинат од пет до десет евра во зависност од порцијата, додека меѓу поевтината храна е и хот-дог кој чини 2,5 евра или специјален чини 4 евра.

Инаку, како што објави Грчки Инфо, во зависност од големината на пицата летово во претсезоната чини од 6 до 12 евра, додека скарата е нешто поскапа и за неа треба да се издвојат 14 евра.

Доколку сакате да испиете половина литар пиво, тоа задоволство ќе ве чини и до пет евра, а виното, во зависност од производителот и количината, чини меѓу 2,50 и 22 евра.

Домашното кафе „грчко“ чини до три евра, а ако сакате да го засладите на крајот, топка сладолед ќе ве чини од 1 до 3 евра. Сите овие цени, сепак, треба да се земат со резерва, бидејќи претсезоната сè уште не е започната, па можеме да очекуваме можеби „неколку центи повеќе“ цени.