Oд денеска мостот на булеварот Беласица ќе биде отворен за сообраќај на лесни возила само во двете крајни ленти, додека двете средни ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи .
Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска додаваат и дека извршеното вештачење покажало дека мостот нема конструктивни оштетувања што влијае на безбедноста.
Има површинска пукнатина на надворешниот слој од бетон во средината на едната страна на мостот, предизвикана од горењето на изолацијата на цевките за топла вода кои ќе се санираат и ќе се постават нови за непречено снабдување на граѓаните со топлинска енергија.