Град Скопје и годинава со финансиска поддршка на дневните центри за стари лица

– Град Скопје и годинава финансиски ќе ги поддржи дневните центри за стари лица и центарот за давање помош во домашни услови на Црвениот крст.

Како што извесуваат од Град Скопје, со овој социјален сервис се подобрува квалитетот на животот на над 800 лица, а повеќе од 150 лица од целиот град ги посетуваат дневните центри со локација во Домот на хуманитарни организации Даре Џамбаз во Центар, Црвен крст Чаир и Дитурија во Сарај.

– Со овој сервис опфатени се и 200 изнемоштени стари лица кои живеат сами на територија на општините Центар, Чаир, Сарај, Шуто Оризари, Бутел, Кисела Вода, Kарпош, Аеродром и Ѓорче Петров кои добиваат грижа во домашни услови, иформираат од Град Скопје.