Двесте научници ги предупредуваат луѓето ширум светот: Оваа хемикалија во шампонот и сапунот го уништува организмот!
Научниците предупредуваат дека козметичките производи содржат опасни хемикалии кои го уништуваат здравјето на луѓето ширум светот
Триклосан и триклокарбан се вообичаени состојки во антибактериските сапуни и шампони, но тие можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.
Овие хемикалии предизвикуваат алергиски реакции, ги уништуваат хормоните, ендокриниот систем и репродуктивниот систем, а особено се опасни за трудниците и децата, пренесува Телеграфи.
Триклосан може да предизвика отпорност на антибиотици, што може да резултира со фатални исходи.
Научниците предупредуваат дека овие хемикалии предизвикуваат повеќе штета отколку корист и бараат што поскоро да се повлечат од производството.