Девојката на Саша Поповиќ го загуби бебето во четвртиот месец! „Тоа дете нема да се роди!“ – Се исполни морничавото пророштво (фото)

Саша Поповиќ еднаш зборуваше за пророштвото на баба Ванѓа, а потоа откри дека таа му предвидела дека неговата тогашна девојка, која била бремена, ќе го изгуби нивното бебе.

Меѓу другото, Ванѓа тогаш му кажала на Саша дека ќе стане директор на голема музичка компанија, дека ќе умре на 86-годишна возраст од природна смрт и дека нема да се ожени во следните шест години, иако имала девојка.

– Во тој момент мојата избраничка беше бремена во четврти месец. Ја прашав Ванѓа: „Па, Ванѓа, нема да се оженам иако девојка ми е трудна?“, а таа ми одговари: „Нема ништо да биде од тоа, ниту пак ќе се роди тоа дете“. На петти јануари следната година, ние двајца раскинавме. Не можам да кажам кој е виновен, но сè се случи како што рече пророчицата. Исто така, се случи, според нејзиното пророштво, да се оженам за Сузана на 48 години и да најдам мир со неа – призна поранешниот косопственик и директор на „Гранд продукција“, на кој сериозно влијаеле зборовите на баба Ванѓа.

– Како што минуваа годините, сè што таа кажа почна да се остварува. Сè повеќе го сфаќав значењето на она што ми го кажа. Деведесет проценти од работите ги погоди, а одтанатото остануваа за сомнеж, морам да признаам дека се надевам дека згрешила за моментот на смртта – низ смеа изјави Поповиќ.