Малолетно дете прегазено од мотоциклист и со тешки повреди пренесено во болница

Вчера во 18.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид мопед „априлиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(23) од Охрид, удрил во малолетен пешак (9) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Според наши неофицијални информации од жителите на Охрид детето имало 9 години и тој ден одело во продавница да купи питарки (рамазански лепчиња)