ЗАВРШИ ДРАМАТА ВО ХОЛАНДИЈА: Полицијата уапсила маскиран маж кој со часови држел заложници во кафуле (ВИДЕО)

Холандската полиција соопшти дека е ослободен и последниот заложник држен во кафуле и дека осомничениот е приведен.

Претходно беа ослободени тројца заложници кои од раните утрински часови киднаперот ги држеше како заложници во кафуле. Очевидци тврдат дека маскиран маж го зел како заложник персоналот во кафулето и тврдел дека носел торба полна со експлозив.

Осомничениот бил однесен со лисици на рацете .

Заложничката криза , се случи во градот Еде во источна Холандија. Причината за инцидентот се уште не е позната, но полицијата соопшти дека засега нема траги за терористички мотив.

Локалните медиуми наведуваат дека поради заложничката криза се евакуирани жителите на 150 куќи лоцирани веднаш до кафулето , а на местото на инцидентот пристигнала силна полиција и други служби.