Палавиот син на Бекам го украде шоуто на мечот на Новак: Не можеше да ги контролира страстите со девојка на трибините

Ромео Бекам, кој е фудбалер на англиски Брентфорд, го гледаше четвртфиналниот натпревар на Вимблдон со својата девојка

Познато е дека натпреварите на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ привлекуваат големо внимание кај публиката. Честопати имавме можност да ги гледаме неговите натпревари внимателно следени од различни познати личности од сите сфери на животот ширум светот.

Синот на легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, Ромео Бекам, е виден на четвртфиналниот натпревар на Вимблдон помеѓу Ѓоковиќ и Рубљов.

Бил во друштво со својата девојка, а одвреме навреме си разменувале нежности.

Овој 21-годишник тргна по стапките на својот татко и стана фудбалер. Моментално настапува за вториот тим на англиски Брентфорд.

Кога станува збор за самиот меч, Новак го загуби првиот сет но се консолидираше и одигра најдобро што може.