Храна за мозокот: Колку урми можеме да јадеме дневно

Урмите се извор на селен, богати се со влакна и антиоксиданси, а поради високата содржина на фосфор се нарекуваат и храна за мозокот. Тие се јадат свежи или захаросани, а често се заменуваат со шеќер во колачите поради нивниот препознатлив сладок вкус.

Урмите се плод на урмата, која се одгледува во многу тропски региони низ светот. Имаат околу 280 калории во 100 грама, а нивниот нутритивен профил е одличен – богати се со протеини, јаглени хидрати и богати се со калиум, фосфор , магнезиум, железо и витамин Б.

Тие содржат висок процент на влакна и затоа помагаат за подобрување на здравјето на дигестивниот систем. Ова го докажува една студија од 2015 година која откри дека испитаниците кои јаделе седум урми 21 ден забележале подобрувања во празнењето на цревата. Исто така, влакната во урмите се корисни за контрола на шеќерот во крвта – го забавуваат варењето и помагаат да се спречи скокот на шеќерот во крвта после оброците.

Храна за мозокот и тироидната жлезда

Меѓу корисните материи кои ги содржат урмите е и фосфорот кој игра важна улога во функцијата на мозокот. Затоа диететичарите особено ги препорачуваат на луѓето кои се занимаваат со интелектуална работа, а корисни се и во менито на оние кои трошат многу енергија. Овие кафеави долгнавести плодови се полни со селен, антиоксиданс кој е неопходен за правилно функционирање на тироидната жлезда и зајакнување на имунитетот.

Колку урми можеме да јадеме дневно?

Идеално е да се конзумираат 100 грама или околу 5,6 урми  во текот на денот, за да се добијат сите неопходни хранливи материи. Сепак, количината може да варира од личност до личност и зависи од калориските потреби и основната здравствена состојба, пишува Медисин нет.

Природниот шеќер, гликозата, сахарозата и фруктозата кои се наоѓаат во урмите се одлична замена за обичниот шеќер. Слатките направени со оваа храна се секако поздрава опција .