ТОА ШТО ГО НАПРАВИЛА ПРЕД СМРТТА Е МНОГУ ПОТРЕСНО: Оваа слика е доказ колку Ноа била приврзана за нејзиниот убиец

Таа почина трагично.

Осумнаесетгодишната ТикТокер Ноа Миливојев исчезна на 17 јуни, а нејзиното целосно искасапено и распарчено тело беше пронајдено на 6 јули во стан во центарот на Белград.

Веднаш бил приведен осомничениот маж (33) за монструозното убиство, кој го признал делото.

Познато е дека Ноа беше голем обожавател на тетоважи, а на телото имаше неколку. На бутот Ноа имала тетоважа на пеперутка, а како што пренесуваат медиумите, убиецот и го отсекол тој дел од ногата за да го зачува цртежот пред да и го распарчи остатокот од телото. 

Ноа и осомничениот имале многу турбулентни односи, а нејзините блиски тврдат дека тиктокерката била вљубена до уши, но и многу љубоморна, а наводно дечкото не сакала да го запознае ниту со нејзината цимерка со која била многу блиска.

Во само една снимка се гледа неговото име истетовирано на нејзината рака. Во видеото таа пееше и танцуваше, а во еден момент ја зумира и раката на која има тетоважа на која можете да го прочитате неговото име.

Како што се коментира под видеото, тоа е само цртеж, кој кажува колку нејзиниот дечко и осомничен за убиство бил важен во животот на Миливојев.