Имавме сè што ни треба а потоа се појави тој! Легендарниот тенисер откри зошто фановите не го сакаат Новак: Не ни требаше!

Познатиот американски тенисер Енди Родик зборуваше за Новак Ѓоковиќ на сосема поинаков начин од сите останати.

Во петтата епизода од подкастот „Serve with Roddick“, Енди како гостин го имаше Макс Ајзенбад, успешен тениски менаџер.

Меѓу другите теми, се зборуваше и за најдобриот тенисер на сите времиња, а Родик, кој во девет дуели го победи Ѓоковиќ пет пати, сподели интересен став за српскиот тенисер.

Американецот во текот на кариерата имаше несогласувања со Новак, но знаеше и да го пофали и да ги прослави неговите неверојатни резултати во минатото.

Ѓоковиќ и Родик

Овојпат тој објасни дека на многу љубители на тенисот не им се допаѓа тоа што Србинот се вклучил во ривалството меѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал.

– Тоа е чудно. Секогаш велам дека се чувствувам како тој да е ликот што ги растури Битлси. Како да е Јоко Оно на тенисот. Тој е оној што не го сакавме, тој што не ни требаше. Веќе имавме ривалство, левучар наспроти деснак, контраст на стилови – рече Родик и додаде:

– Тогаш наеднаш се појавува киборг, робот, но и некој кој игра со многу емоции и вели: „Не ми е гајле за таа возбуда, јас сум комплетен играч, не можете да ме победете. Ќе ги издржам сите ваши удари“.  Беше чудно, мислам дека просечниот мејнстрим навивач кој баш и не се занимава со тенисот беше лут на него поради тоа – изјави прославениот Американец.

Енди Родик за време на својата долга кариера стигна до првото место во ноември 2003 година. Тој освои 32 титули вклучувајќи го и УС Опен и заработи над 20 милиони долари во наградниот фонд.