Манчестер Сити можат да стана шампиони и без победа !? Пеп Гвардиола: “Мислам дека нема да го гледаме Арсенал. И ако ја освоиме титулата пред нашиот натпревар, нема да славиме“

Манчестер Сити е во игра за сите трофеи. Апсолутна доминација. А, првиот може да пристигне веќе викендов, а Пеп Гвардиола од срце би сакал тоа да не се случи во сабота. Така, Манчестер Сити игра против Челзи на домашен терен во недела, но може да ја слави титулата во Премиер лигата уште пред да стапне на теренот.

Во случај Арсенал да загуби претходно (сабота, 18:30) на натпреварот против Нотингем Форест – кои се борат за останување во лигата – „Граѓаните“ можат да почнат да слават. Но, ваквото сценарио навистина не му се допаѓа на шпанскиот стручњак, па тој има друга идеја.

Мислам дека нема ни да го гледаме Арсенал. И ако ја освоиме титулата пред нашата игра, нема да славиме. Можеби ќе организираме појадок или нешто слично“, изјавил Пеп Гвардиола на прес-конференцијата, а потоа продолжил: „Не чека натпревар ден потоа. Во мојата глава целта е да го победам Челзи и со тоа славје да ја осигурам титулата. Да славиме со нашите навивачи на стадионот е секогаш најдоброто сценарио“.

Тој исто така бил прашан и дали се смириле впечатоците, односно дали тимот се смирил по високото 4:0 славје над Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Смирено ? Темпото оди нон-стоп, најтешкото допрва доаѓа. Тенисерите велат дека сервирањето е најтешко да се освои Вимблдон. Во недела се е во наши раце. Премиер лигата е најважното натпреварување бидејќи трае повеќе од 10 месеци, полни сме со емоции. Не би си простиле да се случи нешто лошо, да бидеме расеани“, изјавил Пеп Гвардиола.

Доколку не ја искористи првата „меч топка“ ќе има шанса на натпреварите со Брајтон и Брентфорд. Потоа Манчестер Сити ќе игра против Манчестер Јунајтед во финалето на ФА Купот на „Вембли“, а една недела подоцна ќе следи церемонијата во Истанбул, каде што „Граѓаните“ влегуваат како очигледни фаворити против Интер во финалето на Лигата на шампионите.