ВИДЕО | Дали по речиси една година крвава битка, Русите го освоија Бахмут !? Евгениј Пригожин го развеа руското знаме и кажа: “Единиците на Вагнер го заземаа градот, благодарам Владимир Владимирович Путин!“

Евгениј Пригожин, првиот човек на приватната руска воена група Вагнер, го подигна руското знаме во градот Бахмут, град за кој тврди дека сега е целосно под контрола на руските вооружени сили.

На видеото објавено на социјалната мрежа Телеграм, може да се види Евгениј Пригожин, опкружен со членови на Вагнер на улица во разурнатиот град, како држи руско знаме на кое е испишан денешниот датум.

На 20. мај 2023 година, точно во 12 часот, го зазедовме последното упориште на непријателот, висококатницата ‘Авион’“, вели во видеото Евгениј Пригожин.

Според него, Вагнер ќе започне со повлекување на единиците за одмор и преквалификација од 25. мај.

Нашите единици ќе ги создадат потребните линии на одбрана“, вели Евгениј Пригожин и додава дека контролата над градот ќе биде префрлена на Министерството за одбрана на Русија.

Евгениј Пригожин исто така им се заблагодарил на генералите Сергеј Суровикин и Михаил Мизинцев, кои според него „овозможија извршување“ на воената операција.

Благодарност и до Владимир Владимирович Путин што ни даде можност и висока чест да ја браниме нашата татковина“, нагласил Евгениј Пригожин.

Еден од борците на Вагнер претходно денес изјави за РИА Новости дека јуришните одреди се на пат кон селото Ивановско, кое е под контрола на Киев, и каде се водеше последната битка за градот.

Официјален Киев ги негираше тврдењата на првиот човек Вагнер дека целиот Бахмут е под руска контрола.

Тоа не е вистина. Нашите единици се борат во Бахмут“, изјавил за медиумската агенција Reuters портпаролот на украинската армија Серхиј Череваџи.

Патем, Бахмут се наоѓа во близина на ДНР северно од големиот град Горловка. Тоа е важно за снабдување на украинските сили низ Донбас. Битката за Бахмут официјално започна на 8. октомври 2022 година. Според руските медиуми, битката траела 224 дена.