Избодени две деца од 9 и 10 години во близина на основно училиште: Голема трагедија во Германија

Две деца на возраст од 9 и 10 години се избодени денеска во близина на основно училиште во Дуизбург-Маркслох, пренесува Билд.

Тие биле избодени и тешко рани од 21-годишен маж.

На местото на настанот веднаш биле испратени медицински екипи и полиција по повик на наставникот.

Како што пишува Билд, по нападот раскрварените деца некако успеале да стигнат до училиште, а според првите извештаи од местото на настанот биле нападнати кога се враќале дома од католичкото основно училиште.

Напаѓачот (21) набрзо по нападот бил уапсен, а мотивот за нападот сè уште не е јасен.

Жртвите на нападот, момче и девојче, се пренесени во болница.