Дир: Се надеваме дека Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина со воена помош

Украина е благодарна на Република Македонија за помошта, вели амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, во интервју за „Гласот на Америка“.

Се надеваме дека земјата ќе продолжи да ја поддржува Украина во форма на обезбедување воена помош за одвраќање на руската агресија.

„И во оваа форма на поддршка за членството на Украина во НАТО, во блиска иднина, таа ќе ја поддржи поканата за Украина да се приклучи на Алијансата. Сето ова ќе ги зајакне одбранбените способности на Украина во тековната војна и ќе ги спаси животите на Украинците“, нагласува Дир.

Таа вели дека е „благодарна на Македонија за нејзината поддршка, која е обемна и постојана“.

„ Македонија се приклучи кон одлуката на Самитот на Советот на Европа за создавање на Регистар на штети од агресијата на Руската Федерација, како и се приклучи на Коалицијата за создавање на Специјален суд за кривичното дело агресија врз Украина“, изјави амбасадорот на Украина во РСМ.